Светскиот пожар

Панорама од излозбениот салон со поставката Плакат 1 Плакат 2 Плакат 3 Плакат 4 Плакат 5 Плакат 6 Плакат 7 Плакат 8 Плакат 9 Плакат 10 Плакат 11 Плакат 12 Плакат 13 Плакат 14 Плакат 15 Плакат 16 Плакат 17 Плакат 18 Плакат 19

За изложбата

На 19 септември (петок), во 12:00 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, беше отворена изложба на фотографии и плакати од Русиja и од други држави (Австрија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Италија, Србија, Унгарија и Франциja) кои посведочоја и потсетија на настаните кои се случувале за време на одвивањето на Првата светска војна (1914 - 1918 г.).

Изложбата „Светскиот пожар“ со која се одбележуваат 100 години од почетокот на Првата светска војна, нема за цел да го прикаже текот на војната од хронолошки, туку од емоционален аспект. Нејзината основна порака е „Светскиот пожар е лош за сите и во неговиот оган горат животи на луѓе и држави...“ На ист простор ќе се „соберат” тогашните спротивставени страни – државите на Тројниот сојуз и Антантата. Посетителите, исто така, можеа да проследат и руски документарен филм со англиски превод посветен на Првата светска војна.

Настанот беше во организација на руската дијаспора во Македонија, а под покровителство на Амбасадата на Руската Федерација во РМ и Националната и универзитетска библиотека на Македонија, согласно досегашната, долгогодишна успешна соработка.

Изложбата беше подготвена во соработка со дипломатските претставништва на Австрија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Италија, Србија, Унгарија и Франциja.

На изложбата се обратија д-р Иван К. Заров, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Н.Е. Г. Олег Шчербак, амбасадор на Руската Федерација, м-р Елена Сиљаноска, претседател на здружението на руски сонародници „Чајка“.